Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео-порака, Трамп изјави дека со нетрпение очекува тесна соработка со Орбан кога, како што изјави, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесуваат американските медиуми.
Трамп, во пораката, го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Пораката на Трамп беше емитувана на собир во БУдимпешта на Конзервативно-политичката акциска конференција (CPAC) што е најистакната конзервативна организација во САД.
Тоа беше трет собир на CPAC во Унгарија. Орбан беше еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа за време на неговото претседателствување, а двајцата се сретнаа на Флорида минатиот месец.
По нивниот состанок, Орбан ја истакна својата јасна поддршка за Трамп и додаде дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.
Ново на Сител
-

Приведен 28-годишен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица од Египет
-

Дојранското и Преспанското Езеро под просекот за декември
-

МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците
-

Експертите советуваат: Не останувајте во брак само поради децата
-

Трамп објави пакет субвенции од 12 милијарди долари за американските фармери
-

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин Евзони и Ники
-

Долгот на граѓаните по основ на даноци кон Град Скопје е над 36 милиони евра
-

Мицкоски - Најт: Продлабочување на соработката меѓу институциите
