Свет
13. December 2016 - 8:59

Трамп го одлага обраќањето за планот на напуштање на бизнисот

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го одложи за јануари обраќањето во јавноста за тоа како планира да се повлече од бизнис империјата за да се посвети на управување со државата и да избегне судир на интереси, изјави Шон Спајсер, портпарол на Трамп.

Минатиот месец Трамп најави дека на 15 декември ќе одржи прес конференција на која ќе објасни како ќе се одвои од бизнисот што го води.

Новоизбраниот претседател на САД моментно се фокусира на избор на членови на својот кабинет и други именувања на високи позиции.