Трамп и кралот на Јордан разговараа за можноста за создавање на зони за безбедност во Сирија
Претседателот на САД Доналд Трамп и кралот на Јордан Абдула Втори ја разгледаа можноста за воспоставување на таканаречени зони за безбедност во Сирија, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение од Белата куќа.
Во текстот се наведува дека двајцата оствариле кратка средба вчера во Вашингтон.
Минатата недела Трамп наведе дека ќе создаде зони за безбедност во Сирија за бегалците од конфликтот што трае скоро шест години.
При разговорот со кралот Абдула Втори, Трамп ги потврдил ангажманите на САД за стабилноста, безбедноста и економската благосостојба на Јордан.
Американскиот претседател му се заблагодарил на јорданскиот крал за неговата улога во поддршката на мирот на Бискиот Исток, нарекувајќи ја неговата земја „пример за толеранција и умереност во регионот“.
Ново на Сител
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент