Свет
12. April 2018 - 14:07

Трамп: Не ја напаѓајте Сирија, тоа нема да ни донесе ништо добро

Некогаш остриот критичар на американскиот воен режим во Сирија, сега на истата таа Сирија ѝ упатува Закани. Неговите објави на Твитер од 2013 тоа и го докажуваат.

Американскиот претседател, Доналд Трамп последните денови не престанува да ја шокира светската јавност. По заканите за воена акција во Сирија, загриженоста расте.

Но, погледнете ти неговите објави во 2013 година:

-Да стоиме подалеку од Сирија.

-Треба да престанеме да зборува за Сирија и останатите земји кои нас нѐ мразат, да ја обновиме нашата држава и да станеме посилни од било кога - САД!

-Не ја напаѓајте Сирија - нападот нема ништо друго да донесе освен проблеми за САД. Фокусирајте се на јакнење на државата!

-Претседателе Обама, не ја напаѓајте Сирија. Чувајте се за нешто поважно!

Како што е општо познато и најтврдиот политичар, после некое време, под голем притисок на медиумите, ги менува своите ставови. Таков бил случајот и со американскиот претседател Доналд Трамп.