Loading Video...
Свет
14. January 2021 - 16:54

Трамп повика на единство

Американскиот претседател во заминување ги повика своите приврзаници да останат мирни во деновите пред инаугурацијата на  Џо Бајден. Трамп преку видео порака  објавена на Твитер профилот на Белата куќа  повика на единство и воедно го осуди упадот во Капитол при што загинаа 5 лица.

„Сакам да бидам многу јасен: Недвосмислено го осудувам насилството што го видовме минатата недела , Како и сите вие,  јас бев шокиран и длабоко натажен од катастрофата и ниеден мој вистински поддржувач никогаш нема да се впушти во политичко насилство“ истакна Доналд Трамп.

Трамп на претседателската функција ќе остане до крајот на неговиот мандат, односно  до 20 јанаури , бидејќи постапката за импичмент нема да заврши до тогаш. Сенатот пред 19 јанаури нема да расправа за слуајот изјави Мич Мекконел претседавач на Сенатот. Сенатот сега треба да се посвети на прашањето за полагањето заклетва на новиот претседател.  Синоќа претсавничкиот дом на Конгресот даде зелено светло за импичмент на Трамп и со тоа стана првиот американски претседател за кој долниот дом два пати изгласал отповикување во текот на неговиот мандат.

Лекот инвермектин не е одобрен за заштита  или лекуавње  од Ковид 19 во Австралија. Се  користи за третирање на други заболувања и се издава само на рецепт. Не го барајте овој лек за да го користите како превенција или терапија за лекување на Ковид 19  советуваат австрликисте здравстевни власти, бидејќи се уште не се истражени нус појавите при други медицински сосотјби. Во истражуавњето на Колеџот за јавно здравје и ветеринарна наука при Универзитетот Џејмс Кук во Австралија  е наведено дека потребни се многу клинички тестирања за да се докаже  безбедноста и ефикансоста  на  ивермектинот  во бобата против Коивд 19 . Во истражуавњето е потенцирано и  дека врз основа на сегашните резултати. Ивермектинот  има  потенцијал за користење  како антивурсен лек.