Свет
27. January 2017 - 9:01

Трамп предлага нов данок за Мексико

Претседателот на САД Доналд Трамп сака да воведе нов данок од 20 отсто на стоки увезени од Мексико за да се финансира ѕидот на јужната граница на државата, изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.

Не е наведено како би функционирал тој данок, но Спајсер рече дека тоа спаѓа во делот пакет реформи за даноци што ги разгледува Конгресот.

Портпаролот додаде дека годишно приходот би бил 10 милијарди долари со што ѕидот би бил исплатен многу брзо. Спајсер додаде дека во тек се разговори со законодавците за да успешно биде изведен планот.