Трамп се предомисли околу формирањето единица за кибер безбедност заедно со Русија
Американскиот претседател Доналд Трамп се предомисли околу тоа дека со Русија ќе основа единица за кибер безбедност, нагласувајќи на Твитер дека тоа не би можело да се оствари.
Објавата е дадена часови откако доби остри критики од републиканците. Тој наведе дека на Москва не може да и се верува.
Трамп вчера напиша на Твитер дека тој и рускиот претседател Владимир Путин, на маргините на самитот на Групата 20 разговарале за формирање единица за кибер безбедност, со цел да се обидат да избегнат проблеми како што е кибер мешање во избори.
– Фактот дека претседателот Путин и јас разговаравме за единица за кибер безбедност не значи дека мислам дека може да се случи. Не може, напиша Трамп на Твитер и потоа го спомена договорот за прекин на огнот во Сирија.
Идејата беше критикувана од републиканците кои се запрашаа дали САД би требало да соработуваат со Москва по наводното мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година.
– Не е најглупава идеја што сум ја слушнал, но е тука некаде, изјави сенаторот Линдзи Грејам.
Поранешниот американски министер за одбрана Еш Картер изјави дека идејата на Трамп е „како со човек кој ви ја ограбил куќата да основата група за борба против кражби“.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра