Тренов: СДСМ не ги исполни ветувањата кон земјоделците
СДС и Зоран Заев се што ветија излажаа. Ниту едно ветување кон земјоделците тие не го исполнија.
Им ветија зголемини субвенции, а Зоран Заев најави дека истите ќе се кратат. Им вети загарантиран откуп на нивниот приозвод, а гледаме дека земјоделците својот род се приморани да го фрлаат по ѓубриштата или да го продаваат по багателна цена.
Зоран Заев и Љупчо Николовски пред парламентарните избори им ветуваа на оризопроизводителите дека нивниот род ќе има загарантиран откуп по цена од 25 денари оризова арпа и 50 денари бел ориз.
Денес кога оризопроизводителите треба да го продадат својот род се соочуваат со слаб откуп и многу пониски цени за него од она што Заев и Николовски го ветуваа пред изборите.
Земјоделците по кои знае кој пат се излажани и изманипулирани од страна на СДС за некој политички поен.
Дали ова е начинот на кој СДС кажуваа дека ќе се грижат за земјоделците и дека земјоделците ќе им бидат приоритет кога ќе дојдат на власт.
Зоран Заев и СДС единствено што направија во овие 4 ипол месеци е само укинување и ниту една нова мерка за земјоделците која ќе им биде од полза.
Сето ова граѓаните го видоа. Вакавата политика на СДС и Зоран Заев ќе биде делигитимирана на 15-ти октомври. Земјоделците заслужуваат подобри услови.
Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење