Свет
28. November 2020 - 10:35

Трет ден по ред Русија бележи по повеќе од 500 умрени од коронавирус

Во Русија денеска е објавено дека во последните 24 часа умреле уште 510 лица од коронавирус, што е трет пат неделава дневниот број на смртни случаи да надмине 500.

Според Кризниот штаб, во земјата се регистрирани нови 27.100 случаи на инфекции.

Најголем број новоинфицирани има во Санкт Петербург – 3.695, додека во московскиот регион се регистрирани 1.065 нови случаи, пренесе Тасс.

Од почетокот на епидемијата во Русија се заразени 2.242.633 лица, од кои досега умреле 39.068.