Loading Video...
Кошарка
1. August 2022 - 14:42
Трет пораз за кошаркарските „надежи“ на ЕП во Измир
Во елитната А дивизија на Европското првенство за кошаркари до 18 години што се одржува во Измир, Турција, машката јуниорска селекција на Македонија го претрпе и третиот пораз
Откако избраниците на селекторот Тони Синиќ, во првото коло беа совладани од Израел, а вчера „демолирани“ од врсниците од Франција со 57 поени разлика, денеска загубија и од Британците со 2 поени разлика односно конечни 69-71
Со три порази црвено-жолтите завршија како последно пласирани во А групата, па во осминафиналето ќе играат против најдобро рангираната селекција од Б конкуренцијата, а тоа најверојатно ќе биде Шпанија која вечерва важи за апсолутен фаворит во дуелот со Полска.
Осминафиналните натпревари на програмата се во среда (3 август).
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->