Македонија
16. August 2021 - 11:39

Трета доза вакцина за луѓе кои имаат послаб имунолошки систем, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека по пример на САД ќе се препорача трета доза за луѓе кои што се имунокомпромитирани.

- Со трета доза ќе бидат вакцинирани пациенти кои што се трансплантирани, пациенти кои што се на хронична дијализа и други пациенти со имунодефицит согласно дијагнозата. Препораката дојде денеска, а процесот ќе стартува во текот на неделата, рече Филипче.