Кошарка
3. September 2017 - 18:15

Трета победа на Словенија на Евробаскет 2017

Репрезентацијата на Словенија ја оствари и третата победа на Европското кошаркарско првенство. 
 
Словенија во натпревар од 3.коло на шампионатот ја совлада Грција со 78-72. 
 
До оваој триумф Словенците ги предводеа Горан Драгиќ и Лука Дончиќ кои заедно постигнаа 42 поени. Дончиќ средбата ја заврши со 22, а Драгиќ со два помалку (20). 
 
Во првиот натпревар од А групата чиј домаќин е Хелсинки, селекцијата на Франција убедливо го победи Исланд со 115-79. 
 
Словениците се лидери на табелата со три победи, пред Франција која има две. Можност за втора победа ќе има и ко-домаќинот Финска кој вечерва игра против Полска.
 
Досега се одигра и еден натпревар во Б група во Тел Авив, каде Украина со 88-81. За Украинците ова беше прва победа на шампионатот, а Грузијците го претрпеа вториот пораз. 
 
Во оваа група денеска се играат и средбите Литванија – Италија и Германија – Израел. Досега селекциите на Италија и Германија немаат пораз.