Македонија
14. January 2020 - 11:15

Трета седница на Владата

 

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција на предлог на Министерството за финансии е меѓу точките од дневниот ред на денешната редовна, трета седница на Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата како предлог на Министерството за економија ќе се расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, како и Предлог-програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2020 година.

Владата денеска ќе донесе одлука и по Предлог-закон за јавниот интерес во културата.

– Министрите денеска ќе го дадат своето мислење за годишниот план за работа за 2020 година на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија и ќе ја разгледаат и ќе донесат одлука по информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со проектот „Изградба на централна пречистителна станица за Град Скопје во Трубарево”, се наведува во соопштението за денешната седница на Владата закажана од 12 часот.