Живот
17. August 2015 - 9:36

Трезен човек вака не паркира

Сопственикот на една куќа во Флахгау затекнал утрото во својата градина потполно уништен автомобил кој излетал од патот.

Имено, возачот (23) кој во саботата околу 3 часот наутро во кривина изгубил контрола над возилото и излетал од општинскиот пат во Штрасвалхен и завршил во дворот на куќа лоцирана покрај патот. То со возилото ги начнал дрвјата покрај патот, слетал низ земјиниот насип, се превртел на страна и останал заглавен меѓу ѕидот од куќата и базенот.

Во оваа тешка сообраќајка за среќа возачот и неговиот сопатник останале неповрдени, но куќата има голема материјална штета, а возилото е целосно хаварисано.

Полицијата направи увид, а возачот призна дека возел пијан по тој е приведен.

Пожарникарите со специјален кран морале да го извелкуваат заглавеното возило.

-Незнам колку човек треба да биде пијан за да „паркира“ вака. На трезен ова никогаш не би му успеало, изјави на шега командирот на пожарникарите.