Три лица повредени, уништени 30 монтажни куќи при снежно невреме во САД
Најмалку три лица се полесно повредени во снежното невреме што го погоди источниот брег на САД. Уништени се 30 монтажни куќи, а кај 51 е причинета поголема штета.
Медиумите пренесуваат дека невремето предизвикало обилни снежни врнежи, силни грмежи и јак ветер.
За деловите на Нова Англија и американските сојузни држави Њујорк, Охајо, како и Пенсилванија, до утре е прогнозирано околу 30 сантиметри снег.
Синоптичарите во градот Бафало, во сојузната држава Њујорк, наведуваат дека наврнале големи количества снег.
Во градот Њујорк, пак, не се очекуваат снежни врнежи. Но, метеоролошката служба предупреди утрово на силни грмотевици во градот.
Според синоптичарите, брзината на ветрот во градот може да достигне околу 72 километри на час, а на Лонг Ајленд речиси 97 километри на час.
Снежни врнежи и дожд зафатија поголем дел од Масачусетс, Конектикат, како и Роуд Ајленд.
Снегот во текот на ноќта преминаа во дожд, а метеоролозите во Бостон посочуваат дека ветрот може да достигне брзина до 113 километри на час.
Слични временски услови се регистрирани и во југоисточниот дел на земјата. Повеќе американски држави беа зафатени од поројни дождови, а силните грмотевици на Флорида предизвикаа торнадо со брзина на ветровите од 190 километри на час.
Се очекува влажните коловози во јужниот дел на земјата денеска повторно да замрзнат.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина