-->
-->
Три лица повредени во сообраќајка во Скопје
-->
Вчера навечер во 20.40 часот во Скопје на ул.„11 Октомври“, пред крстосница со бул.„Кочо Рацин“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, управувано од Љ.С.(65), патничко возило „тојота ајго“, управувано од В.И.(49) и патничко возило „пежо 106“, сопственост на МВР, управувано од М.Ц.(41), вработена во МВР, сите три со скопски регистарски ознаки, информираат од МВР.
Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и В.И., како и сопатникот во патничкото возило „тојота ајго“ Т.И.(44), констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. За незгодата е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење