Македонија
19. December 2018 - 9:11

Тркалезна маса „Македонија Мегалополис – и други идеи за регионален развој, спречување на иселувањето и создавање на средна класа во РМ”

Тркалезна маса на тема „Македонија Мегалополис – и други идеи за регионален развој, спречување на иселувањето и создавање на средна класа во Република Македонија” ќе се одржи денеска во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во организација на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ, Универзитетот Американ Колеџ Скопје и Finance Think.

На тркалезната маса најавени се обраќања на претседателот на МАНУ, Таки Фити, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, раководителот на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ, Владо Камбовски, професор Марјан Бојаџиев од Универзитет Американ Колеџ, деканот на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа, Изет Зекири…