Македонија
28. October 2016 - 8:44

Тркалезна маса „Ретки ракови во Македонија“

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ денеска организира тркалезна маса на тема „Ретките ракови во Македонија“ во насока на подигнување на институционалната и јавната свест во однос на недостапноста на терапијата за пациентите. 

Целта на конференцијата е зголемување на свеста за ретките ракови како Миелодиспластичниот синдром, мултипен миелом, малигнен миелом, гастронитестинални стромални тумори, гастроентереопатски невроендоркини тумори, акутна миеломна леукемија, ангиосаркома, неуробластома и многу други.

На конференцијата е најавено учество на  претставници од клиниките за онкологија и за хематологија, од Комисијата за ретки болести и Алијансата на пациентски организации на Македонија.