Живот
27. April 2016 - 22:48

ТРОГАТЕЛНО: Овој болничар направил нешто неверојатно

Ингрид Веламе ја посетила својата пријателка во болница кога приметила и некоја старица која била во истата соба.

86 годишната пациентка почнала да се жали на силни болки во грбот, и бил потребен специјален душек како би и помогнал. Игрид гледала како болничар ја слушнал бабичката и дошол да и помогне. Додека персоналот во болницата носеле нов душек, тој ја подигнал старицата од креветот.

Тој ја држел старицата во крило и пеел, како би ја смирил додека не и го сменат душекот и постелнината. Беше тоа еден преубав гест на кој Ингрид сведочела. Таа била трогната со ова и го споделила на својот фејсбук профил.