Тројца хрватски војници повредени во напад врз нивно возило во Кабул
Тројца хрватски војници се повредени, од кои еден посериозно, во напад што рано утринава бил извршен врз возило на Хрватската војска во Кабул, во Афганистан, изјави на вонрдна прес конференција во Загреб хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ.
-Според последните информации, еден војник се здобил со тешки телесни повреди на главата и се наоѓа во животна опасност, додека останатите двајца имаат тешки повреди, но се надвор од животна опасност, рече Крстичевиќ на вонредната прес конференција.
Кај едниот од војниците станува збор за прелом на нога, додека кај вториот за повреди на раката.
Бригадниот генерал Крешимир Тушкан изнесе детали за нападот, покажувајќи фотографии од местото на кое е уништено хрватското воено возило.
-Нашиот тим во 8,15 часот тргнал на задача со пет неборбени возила. Во секое од возилата имало по тројца припадници на вооружените сили. Колоната тргнала во 8,15 кон аеродромот во Кабул и планот бил две возила да се одвојат кон кампот Лион, каде требало да го земат правниот советник и неговиот соработник, со кои заедно требало да одат на поставената дневна задача, кажа генералот.
Како што објасни, во 8,45 часот на главната улица, пред кампот Лион, според изјави на очевидци, забрзан трицикл, со бомбаш самоубиец, се зарил во третото возило. Набрзо од кампот излегле чувари и обезбедиле периматар и им дале прва помош на настраданите, префрлувајќи ги во медициснска установа. Двајца припадници со потешките повреди со воздушна поддршка се префрлени во најблиската болница, а третиот кој имал повреда на раката останал во кампот, на натамошен медицински третман, соопшти бригадниот генерал Тушкан.
Ново на Сител
-
Анализа: Дали зачестените посети и притисоци ќе ја сменат одлуката на опозицијата?
-
У-21: Убедлив пораз од Летонија на турнирот во Анталија
-
Да се оправда фаворитската улога против Малта
-
Тема на денот со Елка Јачева Улчар
-
Шест годишно девојче почина додека примало инфузија во битолската болница
-
Германската министерка за надворешни во Скопје со порака за Уставот
-
„Ванчо Михајлов“ избришан, бугарските власти налутени
-
Само 169 бугарски државјани ќе гласаат во Македонија за бугарските избори