Свет
23. April 2017 - 21:14

Тројца полицајци загинаа во бомбаши напад на ИД во Мосул

Тројца полицајци загинаа денеска во напад на бомбаш-самоубиец од Исламска држава во ирачкиот град Мосул.

Групата од околу десет напаѓачи, вклучувајќи и четворица бомбаши самоубијци се обиделе да се инфилтрираат во хеликоптерската база на федералната полиција во Ал Ареј, изјави шефот на полицијата.

Тој додаде дека тројца полицајци и тројца напаѓачи загинале во нападот, по кој полицијата тргнала во потрага, но останатите напаѓачи успеале да избегаат.