Македонија
8. March 2020 - 12:21

Тројца скопјани приведени откако кај нив била пронајдена марихуана

Во текот на изминатата ноќ три лица се приведени во Скопје откако кај нив била пронајдена марихуана.

-Во 02.30 часот на бул.„8ми Септември“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле А.А.(25) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана, велат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Во 02.20 часот на бул.„8ми Септември“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле К.С.(35) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана, велат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Во 00.15 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле С.Б.(23) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана, велат од МВР

 Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.