Македонија
30. September 2016 - 14:09

Тројца тешко повредени во судар на две возила во Куманово

Вчера во 11,50 часот во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ управувано од А.Б.(1991) од Тетово, и возило „Даеву Матиз“ управувано од И. Т. (1996) од Куманово. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во „Даеву Матиз“ И.Ј.(1977) од Куманово, кој по укажаната лекарска помош во МЦ-Куманово бил препратен во КЦ-Скопје, а додека возачот И.Ј. и сопатниците Л.Т.(1952) од Крива Паланка и Н.Б.(1963) од Куманово, се здобиле со тешки повреди и се задржани во МЦ-Куманово.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово.