Свет
2. September 2018 - 10:02

Тројца загинати при пад на хеликоптер во Авганистан

 Странски пилот и двајца авганистански војници загинале, а уште три лица се повредени при уривањето на хеликоптер кај воената база во авганистанскиот град Мазар и Шариф. Хеликоптерот МИ-14 бил ангажиран од страна на мировната мисија на НАТО, која се уште не го објавува идентитетот на загинатиот и повредениот пилот, поради потребата да се информираат нивните семејства.

Според авганистанската Влада, леталото се урнало поради технички проблем и не било цел на оган. Седум авганистански војници го преживеале падот на хеликоптерот без повреди.