Свет
19. December 2019 - 18:36

Tројца загинати во напад пред седиштето на ФСБ во центарот на Москва

Три лица се убиени во напад што се случи денеска во центарот на Москва.

Престрелката се случила пред седиштето на Федералната служба за безбедност (ФБС), јавија руски медиуми.

Во нападот убиени се службеници на ФБС, јавија западни медиуми.

Според весникот Известија напаѓачи биле три лица вооружени со автоматско  оружје. Откако отвориле оган врз зградата на ФСБ, побегнале и се забарикадирале во соседна зграда. Реонот е опколен од полицијата.