Тропската бура Лестер во Тихиот Океан прерасна во ураган
Тропската бура Лестер прерасна во ураган и се движи кон запад преку Тихиот Океан, оддалечувајќи се од копното на Мексико, соопшти Националниот центар за урагани во САД, јави БТА.
Ураганот, чија максимална брзина на ветровите е 120 km / h, се наоѓа на околу 885 километри југозападно од најјужната точка на мексиканската држава Долна Калифорнија, информираат на Центарот со седиште во Мајами.
Нема издадени предупредувања за непосредна опасност за крајбрежните области. Бурата се движи со брзина од 15 километри на час.
Во меѓувреме, во северниот дел на Пацификот на исток-југоисток од Хавајските острови се формирала тропска бура Медлин. Максималната брзина на ветровите и е 65 километри на час, а Медлин се движи во западна насока со 19 километри на час, соопшти Центарот.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење