Свет
7. October 2017 - 9:47

Тропската бура Нејт во Мексиканскиот Залив прерасна во ураган

 Тропската бура Нејт, што се формираше вчера крај источниот брег на Хондурас, движејќи се на север низ Мексиканскиот Залив, денеска прерасна во ураган, соопшти Американскиот национален центар за урагани.  

- Нејт се трансформира во ураган, соопшти Центарот на својата веб страница утрово во 7 часот по средноевропско време.

Жариштето на Нејт сега се наоѓа меѓу источниот мексикански брег и Куба и се движи кон јужното крајбреќје на САД.

Американскиот центар предупреди дека на удар на ураганот би можеле да се најдат градот Њу Орлеанс, реонот на езерото Пончартрејн и подрачјето на Гранд Ајл во државата Луизијана, како и областите долж границата меѓу државите Алабама и Флорида.

Според Центарот, Нејт ќе пристигне до бреговите на САД доцна вечерва или најдоцна утре изутрина.