Балкан
8. јуни 2016 - 17:00

Турција дала повеќе жртви во борбата против тероризмот, отколку при офанзивата на Кипар во 1974 година

Турција во борбата против тероризмот на ПКК дала повеќе жртви отколку при акцијата на турската армија на Кипар во 1974 година, изјави лидерот на најголемата турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), Кемал Калачдароглу.

Тој потврди дека за време на операциите, преземни против Курдската работничка партија во последните 11 месеци, загинале 539 лица, главно припадници на безбедносните сили, што е повеќе од бројот на војниците кои загинале при турската интервенција на Кипар.

- Турција треба да дејствува исто како и другите земји кои се бореле против тероризмот. Но, Владата не може да го направи тоа, не може да изработи стратегија и да се бори против тероризмот, истакна Калачдароглу.

Според него, една од причините за проблемите во земјата, поврзани со безбедноста, е направилната надворешна политика на Владата.