Турција го менува надворешно-политичкиот курс и се врти кон Запад
Турција планира да ги затопли односите со традиционалните сојузници од Запад и Саудиска Арабија, како и со САД, со доаѓањето на Џо Бајден на власт, наспроти постојаните недоразбирања со Русија и влошената економска ситуација во земјата, објави Блумберг.
Недоразбирањата со Русија, победата на Бајден на изборите во САД, и заканата од европски санкции што може да ја втурне стагнираната економија во рецесија, ја принудија Анкара да ја преосмисли својата надворешна политика, се наведува во коментар на агенцијата.
Ова се случува после неколку години затегнати односи меѓу претседателот Реџеп Таип Ердоган и Западот, а заострено по усвојувањето на новиот Устав и доделувањето на автократски надлежности на Ердоган. Тогаш Турција почна да ги подобрува односите со Русија.
Сепак, односите меѓу Анкара и Москва потоа почнаа да се влошуваат. На почетокот, поради ситуацијата во Сирија, каде Русија ги поддржува силите на официјалната власт на Башар Асад во Дамаск, а Турција е на страната на борците против власта во Дамаск. Потоа, почнаа недоразбирања и околу Либија, каде Москва ги поддржува силите на маршалот Калиф Хафтар (Либиска национална армија), а Анкара е на спротивната страна, со меѓународно признатата влада во Триполи. Последна точка за уште поголемото затегнување на односите беше конфликтот во Нагорно-Карабах.
-Со поддршката на Азербејџан, Турција влезе во задниот двор на Русија на Кавказ, наведуваат коментаторите.
Доналд Трамп наскоро ја напушта Белата куќа, но и покрај кризата во односите меѓу Вашингтон и Анкара, поради набавката на ракетниот систем С-400 од Русија, тој повеќепати изјави дека поддржува пријателски односи со Ердоган.
Последниот чинител за промена на курсот на турската надворешна политика се заканите со санкции од страна на ЕУ. Недоразбирањата меѓу Турција и ЕУ се поради плановите на Анкара да истражува извори на нафта и гас во Источнен Медитеран и осложнување на ситуацијата околу Кипар.
-Од извори вклучени во дискусиите за промена на курсот на надворешната политика на Турција, се дознава дека Анкара смета дека цврстата доверба на Бајден во трансатлантските односи и меѓународните институции ќе помогне во надминување на недоразбирањата со НАТО и ќе ја зголеми веројатноста од склучување на одамна планираната зделка за набавка на оружје од САД, наведува Блумберг.
А за да избегне нови санкции поради набавката на рускиот ракетен систем С-400, Турција може да се откаже од негова интеграција во противвоздушната одбрана на воената алијанса.
Ново на Сител
-
Проблемот со вакцините е дека нема толку производство колку што има побарувачка, вели Шекеринска
-
Шекеринска: Не станува збор за одбивање на кандидатот за воен претставник во НАТО
-
Филипче: Британскиот сој е со полесна форма на болеста, побрзо се шири, но нема простор за паника
-
Шекеринска: Нема што да дискутирам со Каракачанов која сум и што сум, ако тој сака да биде Македонец нека повели
-
Мицкоски: Власта на Заев е без компас, има па нема британски сој на Ковид
-
Николоски: Следната недела стартува Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за укинување на штетниот закон за попис
-
Ковачки: Шекеринска призна дека згрешила и заради тоа немаме воен претставник во НАТО, време е за оставка
-
Забрана за движење на товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка