Свет
16. April 2021 - 12:40

Турција ја забрани употребата на криптовалути

Турската централна банка ја забрани употребата на криптовалути, како што е биткоинот, за плаќање на стоки и услуги, објавено е денеска во Службениот весник на земјата.

Се повеќе Турци користат криптовалути за да ги заштитат своите заштеди од зголемената инфлација и падот на турската валута.

Централната банка го објасни таквиот потег, оценувајќи дека трансакцијата со криптовалути е многу ризична.

– Имотот во криптовалути не подлежи на никакви механизми за регулирање и надзор на централното регулаторно тело. Нивните пазарни вредности можат да бидат многу променливи, соопшти банката.

Една од причините е можноста за незаконска употреба на тие средства поради „анонимни структури“.

Одлуката ќе стапи во сила на 30 април.