Балкан
9. November 2017 - 9:14

Турција потпиша договор за развој на ракетен систем со Франција и Италија

Турција потпиша меморандум за соработка во областа на одбраната со Франција и Италија, врз основа на кој трите земји ќе работат на заеднички развој на воени системи.

Меѓу програмите на кои Турција ќе соработува со Франција и Италија е противракетниот и противвоздушен систем САМП-Т, кој е произведен од француско-италијанската компанија ЕУРОСАМ.

Турција преговара и со Русија за купување на рускиот ракетен систем С-400, за што генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост поради овој потег Анкара, која е членка на Алијансата.

Купувањето на француско-италијанскиот систем би вовело рамнотежа во турското противвоздушно вооружување.

Договорот беше потпишан во Брисел, каде турскиот министер за одбрана Нуретин Чаникли учествуваше на состанокот на министрите за одбрана на НАТО.