Свет
25. October 2020 - 8:53

Турција продолжува со спорните активности во источен Медитеран

Турција потврди дека ќе продолжи со сеизмолошки истражувања до 4 ноември, каде го испрати својот брод „Орук Реис“ во спорните води на источен Медитеран, што дополнително ги интензивира тензиите во тој регион.

Грција и Турција, обете членки на НАТО, не успеваат да го надминат спорот околу правото на експлоатација на фосилни горива воисточен Медитеран.

По неодамнешниот самит на ЕУ свикан на барање на Кипар, беше објавено дека ЕУ ќе ја казни Турција ако продолжи да спроведува провокативни операции во регионот за кои право имаат и Грција и Кипар.