Балкан
17. October 2016 - 12:46

Турција распореди дополнителна оклопна техника на границата со Ирак

Турција префрли на границата со Ирак дополнителна оклопна техника и тенкови, јави ТАСС.

Оклопната техника е распоредена во градот Силопи, во округот Шарнак. Во текот на ноќта биле доставени тенкови, оклопни возила, оклопни транспортери и камиони за првоз на тешка техника.

Овие мерки се поврзани со потребата од зајакнување на границата на Турција во врска со операцијата за заземање на градот Мосул, кој е под контрола на Исламска држава, а која почна синоќа.