Турција станува главен донатор на Војската на Црна Гора
Турското Министерство за одбрана ќе стане главен донатор на Војската на Црна Гора (ВЦГ) со 16 милиони евра во наредните пет години, а средствата се наменети за производство на теренски возила за потребите на црногорската армија и едукација на персоналот во турскиот воен школски систем.
Според порталот Балканска безбедносна мрежа (www.balkansec.net), околу 15,5 милиони евра ќе бидат искористени за производство на теренски возила, а нешто повеќе од половина милион се наменети за финансирање на образованието на црногорскиот персонал во Турција.
„Преку донацијата на ВЦГ, Турција истовремено го зајакнува своето присуство на Балканот и испраќа политичка и безбедносна порака за престиж и добра волја, а воедно од буџетот помага и на турската индустрија“, се вели во написот на порталот.
Помош за воено образование е новина, и во оваа учебна година, првпат питомец од Црна Гора замина на школување во турската Воена академија во Анкара. Предвидено е тој да учи турски јазик првата година, а потоа четири години ќе студира на академијата заедно со неговите турски колеги.
Ново на Сител
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023
-
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра