Македонија
25. February 2020 - 14:51

Туристичките агенции ги откажуваат патувањата за 8ми Март во Италија

Домашните туристички агенции почнаа да ги откажуваат патувањата за Италија, поради ширењето на коронавирусот. 

Со соопштение туристичката агенција Нехар Травел ја информира јавноста дека ги одложува патувањата...

Почитувани патници,

Будно ја следиме ситуацијата со ширењето на корона (COVID-19) вирусот во Италија. Од морален аспект, но и поради загриженост и општа безбедност одлучивме да ги откажеме патувањата за 8-ми Март во Италија. Безбедноста и здравјето на нашите патници и сограѓани ни е на прво место! Воедно сакаме да ве информираме дека сите кои имаат уплатено аранжман за 8-ми Март во Италија може да се префрлат на некоја од останатите тури или во спротивно средствата во целост ќе бидат вратени.

За сите дополнитени информации ви стоиме на располагање во агенција, на нашата фан страна или на телефоните:
071380724 и 023131045

Со почит,
Нехар Травел.

Инаку на денешната седница Владата донесе одлука да се одложат патувањата и екскурзиите во Италија и во други земји каде има коронавирус.