Турската полиција уапси 20 осомничени џихадисти
Турската полиција денеска во реонот на Анталија уапси 20 лица, кои се осомничени за поврзаност со џихадистичката група Исламска држава (ИД), јавија турските медиуми, додавајќи дека апсењата се извршени во пресрет на Самитот на Г-20, што ќе се одржи во овој медитерански град на 15 и 16 ноември.
Полцисиките акции за приведување на осомничените џихадисти се спроведени утрово во Анталија и во соседните градови Аланија и Манавгат.
Уапсените се товарат дека одржувале врски со членови на ИД од Ирак и Сирија. При акциите се конфскувани и повеќе компакт дискови.
Претпладнево во Анталија допатува турскиот министер за внатрешни работи Сељами Алтанок, кој ќе изврши контрола на преземените безбедносни мерки во пресрет на Самитот на Г-20, на кој главна тема ќе бидат борбата против тероризмот и ИД.
Меѓу останатите шефови на држави или влади, на Самитот во Анталија се очекува да учествуваат и претседателите на САД и Русија, Барак Обама и Владимир Путин.
Денешните апсења следуваат по акцијата во вторникот, кога турската полиција во близина на границата со Сирија уапси шест лица, од кои петмина странци, кои се осомничени дека планирале да преминат на сириска територија и да и се прикличат на ИД.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море