Турската полиција уапси околу 50 странски приврзаници на ИД
Турската полиција рано утринава уапси околу 50 странски државјани во Истанбул, под сомнеж дека се приврзаници на групата Исламска држава (ИД), за која се претпоставува дека е одговорна за минатонеделниот бомбашки напад во Анкара, во кој беа убиени 102 лица.
Претресот е извршен во неколку станови во населбата Пендик, на азискиот дел од Истанбул, но не се соопштува од која националност се приведените.
Уапсените лица се подготвувале да патуваат во Ирак и Сирија и да се придружат кон ИД.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу тврди дека ИД е главно осомничена за самоубиствениот бомбашки напад во Анкара на 10 октомври, кој се смета за најсмртоносен во поновата историја на земјата.
Истовремено, овој напад предизвика голема политичка тензија во Турција пред одржувањето на предвремените избори во државата на 1 ноември.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња