Балкан
18. April 2017 - 9:16

Турската Влада ќе ја продолжи вонредната состојба за уште три месеци

Турската Влада ја продолжи вонредната состојба во земјата за уште три месеци, почнувајќи од утре, изјави турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш.

Тоа е третпат да се пролжува вонредната состојба во Турција по неуспешниот обид за воен преврат во јули минатата година.

Куртулмуш на прес-конференција во Анкара истакна дека одлуката е донесена откако турскиот Национален совет за безбедност ја советуваше Владата да го направи тоа.