Македонија
30. January 2019 - 10:15

Турски државјани со лажни шпански пасоши уапсени на скопскиот аеродром

Вчера во 18.25 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека патните исправи на лицата П.Б.(34) и Е.Ф.(35), двајцата од Шпанија, биле фалсификувани.

При дополнителна контрола кај нив биле пронајдени патни исправи на име О.Н.(35) и O.Л.(34) од Република Турција.

Лицата биле приведени и во 23.30 часот предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи Север за понатамошна постапка.