Македонија
10. October 2019 - 10:41

Турски државјанин уапсен на ГП Долно Блаце

Вчера во 13.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во РС. Македонија, полициски службеници го лишиле од слобода М.К.(37) од Р.Турција, бидејќи при извршената гранична контрола било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“, по барање на МВР-СМПС-Интерпол.

М.К. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.