Балкан
5. January 2017 - 14:33

Турското обвинителсво бара апсење на 380 бизнисмени

Турското Јавно обвинителство денеска издаде налози за апсење на 380 бизнисмени, под сомнеж дека го финансирале движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад неуспешниот обид за воен преврат во земјата во јули минатата година.  

Како што јави агенцијата Анадолија, со налозите на Обвинителството, покрај апсење на осомничените, се бара и претрес на нивните домови и канцеларии.   

Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД, ги отфрла обвинувањата за поврзаност од обидот за пуч, при кој загинаа над 240 лица,

По неуспешниот преврат, турските власти уапсија или отпуштија од работа десетици илјади лица, меѓу кои и офицери, полицајци, државни службеници, наставници и универзитетски професори, под обвинение за поврзаност со организацијата на Ѓулен.