Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон во Бозна и Херцеговина.
Пожар од поголеми размери го зафатил седмиот кат од зградата на Домот за пензионери во Тузла околу 20:45 часот. Според првичните информации на полицијата, животот го загубиле десет штитеници на Домот.
„Во Универзитетскиот клинички центар Тузла медицински се згрижени околу 20 лица, односно пожарникари, полицајци, медицински работници, како и вработени и штитеници од Домот за пензионери. Телата на настраданите ќе бидат префрлени во Комеморативниот центар заради идентификација и обдукција“, соопшти Управата на полицијата при МВР на Тузланскиот кантон.
На самото место е увидна екипа, а увидот ќе биде извршен кога ќе се создадат услови за тоа, со цел да се утврдат причините за пожарот и сите други факти важни за истрагата.
Од Домот за пензионери во Тузла информираа дека пожарот избувнал синоќа околу 20:45 часот, а со брза интервенција го ставиле под контрола и го изгаснале припадниците на Професионалната противпожарна единица Тузла.
Во гаснењето на пожарот учествувале и Професионалната противпожарна единица од Сребреник, како и доброволните противпожарни друштва Горна Тузла и Тузла, со поддршка од Управата на полицијата.
„На корисниците од загрозените катови припадниците на Службата за итна медицинска помош од Домот за здравје Тузла им укажаа медицинска помош, по што беа згрижени на пониските катови од установата. Медицинска помош на загрозените им даде и медицински персонал од домовите за здравје од Лукавац, Сребреник и Калесија“, истакнаа од Домот за пензионери.
Надлежните органи ги преземаат сите неопходни активности за расветлување на околностите што доведоа до овој трагичен настан, заклучија од Домот.
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
