Фудбал
21. March 2018 - 16:26

У-19: Летонците ја изненадија „четата“ на Станојковиќ

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години со пораз стартуваше во квалификациите од елитната фаза за ЕП во Англија. 

На тренинг центарот „Петар Милошевски“ Македонија загуби со 2-1 од селекцијата на Летонија со што драстично ги намали шансите за освојување на посакуваното прво место во групата. 
Во моментите на притисок и неколку шанси на нашата репрезентација гостите преку Самоиловс во финишот од првиот дел обезбедија водство од 1-0. 
Истиот играч во 56 минута ги доведе гостите до водство од 2-0  а конечните 1-2 ги постави Митровски во 90-тата минута од средбата. 
Во втората средба од групата  Англија ја совлада Унгарија со 4-1. 
Македонија следната средба ја игра во сабота против Унгарците.