-->
-->
У-19: Летонците ја изненадија „четата“ на Станојковиќ
-->
Македонската фудбалска репрезентација до 19 години со пораз стартуваше во квалификациите од елитната фаза за ЕП во Англија.
На тренинг центарот „Петар Милошевски“ Македонија загуби со 2-1 од селекцијата на Летонија со што драстично ги намали шансите за освојување на посакуваното прво место во групата.
Во моментите на притисок и неколку шанси на нашата репрезентација гостите преку Самоиловс во финишот од првиот дел обезбедија водство од 1-0.
Истиот играч во 56 минута ги доведе гостите до водство од 2-0 а конечните 1-2 ги постави Митровски во 90-тата минута од средбата.
Во втората средба од групата Англија ја совлада Унгарија со 4-1.
Македонија следната средба ја игра во сабота против Унгарците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска