Македонија
1. August 2020 - 10:42

Уапсен 21-годишен скопјанец, при преглед кај него била пронајдена марихуана

Бчера во Скопје бил уапсен 21-годишник откако кај него полицијата пронашла марихуана. Како што соопштуваат од МВР:

„На 31.07.2020 во 16.40 часот на подрачје на Аеродром од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода В.Д.(21) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.“