Свет
18. February 2017 - 13:04

Уапсен маж од Северна Кореја, осомничен за убиството на полубратот на Кин Џонг-ун

Малезиската полиција уапси маж од Северна Кореја, кој е осомничен за убиство на Ким Џонг-нам, полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Ким Џонг-нам почина на Меѓународниот аеродром во Куала Лумпур, а се претпоставува дека причина за смртта бил брзодејствувачки отров.

Јужнокорејски и американски официјални претставници сметаат дека за неговата смрт се одговорни севернокорејски агенти.

Во извештајот на малезиската полиција се наведува дека маж, роден на 6 мај 1970 година, е уапсен доцна синоќа и идентификуван е како Ри Џонг Чол.

- Овој маж е осомничен дека е поврзан со убиството на Ким Џонг-нам, се додава во соопштението.

Уапсениот маж е четврто лице кое се поврзува со убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер, а претходно се приведени една жена од Индонезија и нејзиното момче, како и една жена со виетнамски патни документи.

Уште најмалку три лица, кои се осомничени за ова убиство, се наоѓаат на слобода.