Македонија
14. December 2020 - 12:22

Уапсени четворица скопјани кај кои е пронајдена марихуана

Вчера во 19,50 часот во село Миладиновци, од страна на полициски службеници од Полициско одделение Петровец од слобода се лишени К.А.(22), Б.А.(18), С.Р.(18) и Е.Д.(19) сите од Скопје бидејќи кај нив е пронајдена марихуана, информираат од МВР. 

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.