Македонија
15. August 2020 - 15:24

Уапсени двајца кумановци - нападнале 25-годишник, па оштетиле возило

Вчера полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.И.(18) и И.Б.(32), двајцата од Куманово, поради тоа што околу 02.30 часот во населба „Иго Тричковиќ“ во Куманово физички го нападнале С.Т.(25) од Куманово, а го оштетиле и возилото во кое тој бил како сопатник, а го управувал К.Ѓ.(25) од Куманово, соопштуваат од МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.