Балкан
15. September 2020 - 16:58

Уапсени пет лица за пожарот во Мориа

Грчката полиција уапси пет лица за подметнатиот пожар во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос, соопшти министерот за цивилна заштита на Грција, Михалис Хрисохоидис, јави дописничката на МИА од Атина.

Хрисохоидис додаде дека уапсените се млади, странски државјани, а се трага по уште едно лице.