Македонија
19. November 2020 - 10:54

Уапсени тројца скопјани, кај нив пронајдена марихуана

Вчера во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар, го лишиле од слобода С.К.(38) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, информираат од МВР.

Исто така вчера во 14.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево ги лишиле од слобода М.С.(19) и В.С.(18), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случаите, против сите ќе биде поднесен соодветен поднесок.